Катастар: Ефективен и ефикасен систем за граѓаните и бизнисот

03.11.2015 14:09

Покриена е територијата на целата држава, работите се вршат по електронски пат, со 24 часовна достапност...

Катастарот на недвижности со отчет за сработениот 10 годишен проект, вреден речиси 20 милиони евра, работен со пари од Светска Банка, Холандија, Шведска и Јапонија. Завршна оценка – креиран е ефикасен и ефективен систем за граѓаните и за бизнисот, покриена е територијата на целата држава, работите се вршат по електронски пат, со 24 часовна достапност.

„Исполнета е главната цел на проектот, воспоставен е катастар на недвижности на целата територија на Македонија, при што се регистрирани 4,1 милион парцели и 748.167 објекти. За 74 проценти е зголемен бројот на трансакции, за 188 проценти на регистрирани хипотеки, а времето за нивна регистрација се сведе на еден работен ден“, изјави директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпески.

Територијата на државата денес е 98 проценти покриена со дигатални катастарски планови, а 90,5 проценти се во редовна секојдневна употреба.

Системот на Катастарот сега е достапен на целата територија на Македонија. Тоа значи дека секоја општина и бизнисите во нив имаат подеднаков пристап до услугите на Агенцијата за катастар на невдижности, рече Горан Тињиќ, в.д. директор на Светската банка за Македонија, додавајќи дека регистрацијата на процесите денес трае само еден ден, во 2005-та беа потребни 30 дена.