ФЗОМ воведува нов електронски систем, за олеснува административното работење

03.11.2015 14:19

Менаџерите сите барања, известувања, достава на документи ќе ги вршат од својата канцеларија. Ова е особено важно за оние кои работат надвор од Скопје – велат од ФЗОМ. Ќе се заштеди на време, ќе се трошат помалку пари...

Хартиената документација заминува во историјата, Фондот за здравствено осигурување воведува нов електронски систем со што ќе се олесни административното работење на здравствените институции.

Од денес овластените лица на здравствените установи не мора да доаѓаат со хартии во централната служба на Фондот и сето ова ќе може да го направат на веб-порталот на Фондот, електронски од своето работно место, изјави директорот на Фондот, Сашо Стефаноски.

Менаџерите сите барања, известувања, достава на документи ќе ги вршат од својата канцеларија. Ова е особено важно за оние кои работат надвор од Скопје – велат од ФЗОМ. Ќе се заштеди на време, ќе се трошат помалку пари.

Предвидено е шест месеци од оваа новина да се врши прилагодување на здравствените установи за начинот на работа и затоа во овој период се овозможува и електронско и хартиено работење, а по овие шест месеци, значи од 1 мај 2016 година измените ќе се одвиваат само електронски, додаде директорот Орхан Рамадани.