Мртво новороденче пронајдено во тоалет во Тетовската болница

03.11.2015 14:36

Синоќа околу 22 часот дежурниот лекар го пронашол во тоалетот на интерно одделение и веднаш пријавил в полиција. Извршен бил увид, а телото однесено на обдукција...

Мртво новороденче било пронајдено во Tетовската болница. Синоќа околу 22 часот дежурниот лекар го пронашол во тоалетот на интерно одделение и веднаш пријавил в полиција. Извршен бил увид, а телото однесено на обдукција.

По разговорите со дежурните лекари од гинеколошкото и интерниото одделение било утврдено дека околу 16 часот на интерно одделение била примена 36 годишна пациентка од селото Групчин. Поради дијагнозата била препратена на гинекологија.

Началникот на гинеколошко акушерското одделение на Клиничката болница Тетово д-р Нагип Руфати за локалните медиуми изјавил дека пациентка била донесена на одделението со крварење. Примена е и соодветно третирана. 

Во меѓувреме било најдено бебето, но не може да се потврди дека е нејзино. Пациентката била добро. И била направена комплетна лабараториска анализа. По добивањето на резултатите  ќе се утврди дали е бебето нејзино.

Од МВР информираат дека таа и нејзиниот сопруг тврделе дека не била бремена и дека не се породила. Од МВР информираат дека настанот е фото-документиран  и биле земени брисеви за ДНК анализа.  СВР- Тетово презема мерки за целосно расчистување на случајот.