Новата банкнота со Александар Македонски ја вознемири Атина

19.01.2014 11:44

Македонската банкнота од 200 денари со Александар Македонски ги растревожи Грците. Грчките медиуми новата банкнота ја претставуваат како шлаканица од Македонија за грчката дипломатија.

“ И додека министерот за надворешни Евангелос Венизелос се наоѓа во САД, каде што го вкрстуваше политичкиот скалпел со Џон Кери за бегството на Кристодулос Ксиру, Скопје и даде шлаканица на грчката дипломатија”, се вели во коментарот на порталот Трагико.

Порталот натаму објаснува дека на банкнотата се наоѓа Александар Македонски на Букефал и дека  е во вредност од 200 денари,  што изнесува  околу 3,5 евра.

“Погледнете ја новата провокација од “скопјаните” ” , се вели во насловот на порталот Њузбомб.

“ Издадоа нова банкнота со Александар Велики. Во неодамнешната анкета, “скопјаните” рекоа дека тие не прифаќаат  каква било  промена во името што го содржи зборот Македонија”, коментира порталот.

Заштитата и промоцијата на македонското културно и историско наследство постојано предизвикува бура од незадоволство кај јужниот сосед, а со еднаква растревоженост се следат и коментираат активностите на македонскиот премиер Никола Груевски и интервјуата што ги дава за највлијателните светски медиуми.

 Коментирајќи ја средбата на шефовите на американската и на грчката дипломатија во Вашингтон, весникот Елефтеротипија пишува дека на маса биле сите врели прашања, вклучително и Скопје.

 “ Но за најдобар пречек на грчката делегација во САД, неколку дена порано  САД беше домаќинот на интервјуто емитувано на СИ ЕН ЕН, во коешто македонскиот премиер Никола Груевски  ни помалку ни повеќе  ја обвини Грција дека одбегнува дијалог и затоа носи целосна одговорност за фактот што нема напредок во разговорите“, се вели во текстот на Елефтеротипија.

Грчките медиуми претходно го критикуваа грчкото МНР и министерот Венизелос дека немаат соодветен одговор на меѓународната кампања за името на македонската Влада.

Новинар:Марија Котовска - постојан дописник на МРТ од Атина