Нова фабрика на Џонсон Контролс во Струмица
Инвестиција вредна 20 милиони долари. Проектирани се 1.500 работни места. Ова е трета инвестиција на фабриката во Македонија...
Џонсон Контролс ќе отвори нова фабрика во Струмица. Инвестиција вредна 20 милиони долари. Проектирани се 1.500 работни места. Ова е трета инвестиција на фабриката во Македонија. Има фабрики во Скопје и во Штип. Инвестицискиот план предвидува првите вработувања во новиот објект да бидат до крајот на годинава.
Станува збор за инвестиција вредна 20 милиони долари која ќе отвори 1.500 нови работни места.
Како што соопштија денеска директорот во „Џонсон Контролс“ Вили Ван Лои и директорот на Дирекцијата за Технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо по средбата со премиерот Никола Груевски, инвестицијата ќе стартува идната година напролет како браунфилд, во постоечка зграда, а потоа ќе прерасне во гринфилд, најдоцна до пролетта 2017-та.
„Џонсон Контролс“ со овој капацитет, во наредните три години има можност да вработи 3.000 луѓе.
Според Мизо, фактот дека „Џонсон Контролс“ реинвестира во Македонија е потврда за успешноста на владините политики за подобрување на бизнис климата и креирање многу плодна почва за вложување.
