Меркел: Затворањето на германската граница може да предизвика судири на Балканот

03.11.2015 16:15

Меркел објаснила дека токму поради стравот од новите судири на Балканот и напнатоста што ја предизвикува реката од бегалци, ја иницирала неодамнешната конференција на ниво на ЕУ за таканаречената балканска рута...

Германската канцеларка Ангела Меркел на синоќешниот партиски собир во Дармштад, изразила сомнеж за страв од судири на Балканот доколку се затворат германските граници.

Меркел објаснила дека токму поради стравот од новите судири на Балканот и напнатоста што ја предизвикува реката од бегалци, ја иницирала неодамнешната конференција на ниво на ЕУ за таканаречената балканска рута. Објаснила дека затворањето на Унгарските границите и пренасочување на бегалците на рутата преку Хрватска и Словенија, покажало дека треба  малку за да дојде до напнатост и судири.

Германската канцеларка изјавила дека задача на Германија, како најголема членка на ЕУ, е да се пронајде хумано решение за бегалската криза, а е уверена дека Германија може да го стори тоа.