Во Куманово фрлен крстот

2 години по ред - среќа и благодат за Тони Трајановски

19.01.2014 11:53

Во црквата Свети Никола во Куманово...

Во црквата Свети Никола во Куманово утрово митрополитот  кумановско-осоговски господин Јосиф служеше Богојавленска литургија,изврши богојавленски водосвет и го фрли крстот во базенот на црквата.Голем  број верници беа собрани да го чествуваат големиот празник Водици, да се помолат за здравје и благосостојба.

По светиот крст скокнаа 20-ина момчиња, а најсреќен беше 26-годишниот Тони Трајановски од кумановската населба „Ајдучка Чешма“. Инаку тој и минатата година го фатил светиот крст и верува дека и оваа година ќе му донесе среќа и благодат.