Загадувањето на животната средина ќе удри по земјоделското производство
Надлежните апелираат, загадувањето на воздухот, почвата и водата ќе си го земат данокот...

Ќе се преполови родот на јаболките, а приносите на грозјето ќе бидат намалени за 30 проценти, ако продолжи загадувањето на животната средина, а со тоа и климатските промени.
80 проценти од загадувањето во земјава се должи на енергетските капацитети кои користат фосилни горива. Министерот Изаири вели дека секојдневното објавување на загаденоста на воздухот има за цел да допре до свеста на сите.
Македонија има стратегија за намалување на климатските промени, според надлежните се работи и на реализација.
Дека воздухот е загаден покажуваат и мерните инструменти. Во скопско Лисиче на пример, во минатата зима во воздухот беа измерени над 400 микрограми ситни честички на кубен метар воздух, што се десет пати над дозволеното.
Глобална утврдена цел е зголемувањето на температурата под 2 процента до крајот на векот, за што е неопходен меѓународен обврзувачки договор кој ќе се применува за сите земји од 2015 до 2020.
Наташа Јанчиќ
