Вардар против Шкендија во 1/4-финалето
Ждрепката сакаше Шкендија и Вардар меѓу себе да се сретнат уште во четвртфиналето од најмасовното клубско фудбалско натпреварување кај нас...

Посакуваа да се избегнат но за еден од двата во моментов најдобри фудбалски клуба кај нас, трофејот од купот на Македонија ќе остане само сон. Ждрепката сакаше Шкендија и Вардар меѓу себе да се сретнат уште во четвртфиналето од најмасовното клубско фудбалско натпреварување кај нас.
Со 5 трофеи Вардар е најуспешен во македионскиот куп, додека Шкендија и покрај две финалиња сеуште го нема трофејот од купот во своите витрини што можеби ќе биде и мотив повеќе пред четвртфиналната пресметка.
Најпосакуваниот противник и единствениот второлигаш меѓу четвртфиналистите екипата на Македонија Ѓорче Петров ќе игра со Хоризонт Турново, актуелниот куп победник Работнички трофејот во четвртфиналето ќе го брани против Силекс, додека новиот прволигаш Младост Царев Двор за противник го доби составот на Брегалница.
Првите натпревари од четвртфиналето се закажани за 25 ноември, а реваншите 7 дена подоцна односно на 2 декември.
