Обуки за советници за органско производство
Со помош на швајцарската агенција за развој, овој месец ќе се организираат обуки за органско производство во Битола, Струмица и во Скопје. Намерата е заинтересираните агрономи или искусните земјоделци да можат да ги советуваат фармерите...

Обуката за органско производство, е наменета за агрономи или лица со претходно искуство, кои по нејзиното завршување ќе можат да понудат совети на фармерите, кооперативите и другите производители.
Ќе учествуваат предавачи и претставници од компании и потенцијални работодавачи од агро-секторот во Македонија.
Намерата е невработените стручни лица, да добијат знаења со кои би ги подобриле сопствените можности за вработување или отпочнување сопствен бизнис.
Обуката се однесувана на одгледување и преработка на зеленчук и овошје како и процедурите за контрола и сертификација.
Пријавивањето е преку веб страната на Министерството за земјоделство.
Методија Трајков
