Прв авионски транспорт на мигрантите од Атина до Луксембург
На 9-ти ноември вонреден состанок на шефовите на држави и премиерите на ЕУ во Брисел...

Прв авионски транспорт на мигрантите од Грција до Луксембург. Од аеродромот во Атина полета првиот контингент на бегалци од Сирија, кои беа испратени од претседавачот со ЕУ, министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, претседателот на Европскиот Парламент, Мартин Шулц и грчкиот премиер Алексис Ципрас.
На 9-ти ноември вонреден состанок на шефовите на држави и премиерите на ЕУ во Брисел. Три дена подоцна, во Ла Валета, на Малта, ЕУ и африка се состануваат за бегалската криза. Од Атина, Шулц порача дека и натаму има разногласие во Унијата во однос на прифаќањето на бегалците.
Европската унија има 507 милиони жители. Ги спомнувам овие бројки зашто ако еден милион мигранти распределиме на 507 милиони, тогаш нема да имаме никаков проблем. Се надевам дека со денешното префрлање на бегалците ќе се зголеми броjот меѓу 28-те земји членки што ќе ги прифатат, рече Шулц.
