Минусни температури во делови од Македонија
04.11.2015 09:25
Во Кавадарци, Демир Капија, Берово, Делчево живата во термометрите се спушти и до минус шест степени...

Изутрината се регистрирани температури под нулата на југоистокот во земјава. Во Кавадарци, Демир Капија, Берово, Делчево живата во термометрите се спушти и до минус шест степени.
И во главниот град беше регистрирана температурата, минус два целзиусови.
Низ земјава денеска ќе биде стабилно, суво и ведро, со температура до 18 степени целзиусови.
