Конференција за медиумската состојба на Западен Балкан и Турција во Брисел
04.11.2015 10:37
Слободата на изразување е една од директивите на Унијата за интеграција во Европа...

Еврокомесарот Јоханес Хан, денеска ќе ја отвори конференцијата посветена на јакнењето на слободата на медиумите на Западен Балкан и во Турција. Слободата на изразување е една од директивите на Унијата за интеграција во Европа.
Со овој предизвик се соочуваат земјите аспиранти за членство, се вели во нацрт планот на оваа трета конференција, на која ќе учествуваат новинари, уредници, претставници на Европската Комисија и аналитичари.
