Донација на фондацијата „Илич“ за универзитетот Вејн во Детроит
Оваа донација, меѓу десетте најголеми на државни универзитети во САД воопшто, е наменета за изградба на бизнис центар што ќе биде отворен во 2018 и на којшто ќе студираат 3 илјади студенти и постдипломци...

Фондацијата „Илич“, сопственост на американскиот бизнисмен од македонско потекло, Мајкл Илич подари 40 милиони долари на Државниот универзитет Вејн во Детроит.
Оваа донација, меѓу десетте најголеми на државни универзитети во САД воопшто, е наменета за изградба на бизнис центар што ќе биде отворен во 2018 и на којшто ќе студираат 3 илјади студенти и постдипломци.
Објавувајќи го подарокот, Мајкл Илич, инаку сопственик на синџир на ресторани за пица, кетеринг компанија, на бејзбол и на хокејарски клуб, казино, како и на станбени објекти, изјавил дека претприемништвото дава можности, ја гради заедницата и создава филантропија.
Според Обединетата Македонска Дијаспора, во Мичиген живеат над 100 илјади македонски американци.
