Досега издадени потврди за азил на над 211 илјади мигранти

04.11.2015 10:47

Најбројни се државјаните на Сирија 135.907, потоа Авганистан 44.081, Ирак 16.188, Пакистан 4.465, Иран 3.770...

Во изминатите 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за азил на вкупно 3.687 странски државјани, од кои 1.841 се од машки пол, 585 се од женски, 733 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 528 деца кои патуваат без родител, соопшти МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан 1.733, Сирија 1.544, Ирак 166 додека другите се во помал број.

Досега издадени се потврди на вкупно 211.592 странски државјани, од кои, 128.207 се од машки пол, 31.027 се од женски, 41.947 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 10.411 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 135.907, потоа Авганистан 44.081, Ирак 16.188, Пакистан 4.465, Иран 3.770, Палестина 1.751, од Сомалија 1.080, Бангладеш 970, Конго 499, Нигерија 263, Камерун 225,  Еритреја 218, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до Одделението  за азил се поднесени 70 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.