НБА Лига
Шампионот победи по екстра време, Клиперс и Далас понижени
19.01.2014 12:05
Мајами славеше против Шарлот...

Мајами славеше против Шарлот дури по продолжението, за 15-та победа во низа на шампионот во дуелите со овој противник. Леброн Џејмс очекувано беше главниот актер, со 34 поени, 8 скокови и со 6 асистенции.
Индијана многу полесно од очекуваното ги совлада Клиперс, зад 36-те поени на Пол Џорџ. Портланд имаше убедливо гостување кај Далас, Ламаркус Олдриџ релизира 30 поени.
Милвоки ја продолжи негативната низа на 8 во 2014-та откако претрпе пораз од Хјустон, Теренс Џонс постигна личен рекорд од 36 поени на еден натпревар.
Во последниот натпревар од оваа рунда, се соочуваат Торонто и ЛА Лејкерс, во 19 часот по централноевропско време.
Резултати:
Мајами – Шарлот 96:104
Индијана – ЛА Клиперс 106:92
Далас – Портланд 111:127
Хјустон – Милвоки 114:104
Чикаго – Филаделфија 103:78
Минесота – Јута 98:72
Вашингтон – Детроит 98:104
Њу Орлеанс – Голден Стејт 87:97
