Објавен конкурс за школување во воздухопловната академија во Колорадо Спрингс

04.11.2015 11:40

Од одбраната со повик до сите млади и амбициозни лица кои ги исполнуваат условите од конкурсот да се пријават и да бидат дел од уникатната можност да го продолжат образованието на една од најреномираните академии во Соединетите Американски Држави...

Министерството за одбрана објави конкурс за избор на 6 кандидати кои ќе бидат номинирани за школување во воздухопловната академија на САД, во Колорадо Спрингс.

Од одбраната со повик до сите млади и амбициозни лица кои ги исполнуваат условите од конкурсот да се пријават и да бидат дел од уникатната можност да го продолжат образованието на една од најреномираните академии во Соединетите Американски Држави.

Огласот трае 15 дена, а пријавените кандидати кои ги исполнуваат условите од конкурсот ќе бидат тестирани по англиски јазик и математика.

Конечното решение за прием ќе го донесе Американската воздухопловна академија во април идната година.

Кандидатите ќе треба да го поминат американскиот приемен тест за колеџ. Школувањето за примените кадети е бесплатно.