Обвинение за 29 лица осомничени за тероризам за случувањата во „Диво Насеље“
04.11.2015 11:46
Во соопштението од обвинителството се наведува дека групата се товари за две кривични дела – за терористичка организација и за тероризам...

Јавното обвинителство за организиран криминал поднесе обвинение против 29 осомничени за тероризам во настаните што се случија на 9-ти и 10-ти мај во кумановската населба „Диво Насеље“.
Во соопштението од обвинителството се наведува дека групата се товари за две кривични дела – за терористичка организација и за тероризам. Надлежниот обвинител истовремено побара да се продолжи и притворот за групата којашто беше уапсена по настаните.
Во судирот со терористичката група загинаа осум припадници на македонската полиција.
Анита Димитријевска
