Турската полиција приведе 15 активисти на ПКК

04.11.2015 12:27

Во операцијата учествуваа тимови на дирекцијата за борба против тероризмот, специјалци и полициски хеликоптери, при што е најдено големо количество оружје...

Голема акција на турската полиција во Истанбул. Приведени се петнаесетина активисти на курдската работничка партија.

Во операцијата учествуваа тимови на дирекцијата за борба против тероризмот, специјалци и полициски хеликоптери, при што е најдено големо количество оружје.

Турските власти ги продолжија операциите против ПКК веднаш по парламентарните избори во неделата.