Собрание

Заем од 90 милиони евра за гасификација

04.11.2015 13:07

Предлог законот по скратена постапка треба да се разгледува од пратениците. Парите ќе се наменат за изградба на линискиот дел и за инфраструктурни објекти на делниците Штип-Неготино-Битола и Скопје-Тетово-Гостивар...

За реализација на првата фаза од проектот „Гасификација на Македонија“ владата ќе земе заем од „Дојче Банка“ и „Ерсте Банка“ од 90 милиони евра. Предлог законот по скратена постапка треба да се разгледува од пратениците.

Парите ќе се наменат за изградба на линискиот дел и за инфраструктурни објекти на делниците Штип-Неготино-Битола и Скопје-Тетово-Гостивар.

Вкупната должина е 204 километри. Рокот на отплата на заемот е 7 години, со вклучен грејс период од 3 години. Заедничката понуда на „Дојче“ и „Ерсте“ била најповолна во споредба со останатите банки.

Целта е да се овозможи достапност на природниот гас како конкурентен и еколошки чист енергенс до стопанството, индустријата и до домаќинствата.