Незири: ДУИ не излегува од Владата

04.11.2015 13:11

ДУИ не размислува за напуштање на владејачката коалиција, изјави шефот на изборниот штаб Беким Незири...

Разговорите за повеќето точки што произлегуваат од политичкиот дијалог, одат во позитивна насока, а ДУИ не размислува за напуштање на владејачката коалиција, изјави шефот на изборниот штаб Беким Незири.

„ДУИ за да излезе од Влада треба да се поминат сите филтри во партијата, да се помине во Централното претседателство и да се направат дополнителни анализи. Во овој момент мислам дека Македонија е на добар пат да се постигне  договор и земјава да излезе од политичката криза“, изјави Незири.