Ерупција на вулкан и земјотрес во Индонезија

04.11.2015 13:17

Илјадници туристи останаа заробени на три острови бидејќи пепелта од вулканот ги прекрила аеродромите, селата и фармите...

Вулканот Маунт Рињани на индонезискиот остров Ломбок исфрлил пепел и камења во височина од 3500 метри, а истовремено е почувствуван и силен земјотрес од 6,3 степени по Рихтер, јавува агенцијата Бета повикувајќи се на информациите од Националната агенција за ублажување на катастрофи.

Илјадници туристи останаа заробени на три острови бидејќи пепелта од вулканот ги прекрила аеродромите, селата и фармите.

Заради ерупцијата се откажани летовите на аеродромите на Бали, Ломбок и на островот Џава, соопштува Министерството за сообраќај. Последица на затворањето на аеродромите се дел откажани, дел одложени за утре 692 меѓународни лета. Патниците се жалеле за немање информации за одложувањето на летовите , а некои спиеле на клупите на аеродромите.

Истовремено, источна Индонезија ја погоди силен земјотрес од 6,3 степени по Рихтер, кој траел 11 секунди по што луѓето во паника ги напуштале  домовите. Властите смируваат дека нема опасност од Цунами. Епицентарот бил 14 километри во длабочина, во источната покраина Нусатенгара, сооштува Геолошкиот институт на САД. Властите немаат информации за жртви и штета поради прекин на телекомуникациските врски.