Ќе се реконструира гледалиштето на театарот во Скупи
За гледалиштето идејниот прокет е завршен. Според динамиката во декември треба да се распише тендер за избор на фирма која ќе го реконструира гледалиштето на театарот Скупи...

Започната е реконструкцијата и конзервацијатана сценската зграда на тетарот Скупи. Рокот за завршување е шест месеци. За гледалиштето идејниот прокет е завршен. Според динамиката во декември треба да се распише тендер за избор на фирма која ќе го реконструира гледалиштето на театарот Скупи.
„Јас се надевам дека следната година во март ќе може да започнеме со реконструкција на гледалиштето на театарот во Скупи и во 2017-та година да го ставиме во функција. Ова е многу значаен локалитет, со најголем капацитет од 9.000 седишта, кој верувам дека за Р. Македониј, посебно за градот Скопје ќе биде од голема важност за реализација на голем број културни настани“, изјави министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска.
Антчкиот тетар е најголем во Македонија. Изминативе 100 години архелозите работеле, но последните години истражувањето е активирано и целосно е завршено последните три години.
„До финалната фаза сите ме прашуваа- дајте некој локалитет да завршиме до крај. Ова е тој локалитет, монументален објек кој ќе биде единствен не само во Република Макеоднија, довршен до крај, туку и на целиот Балкан“, рече Виктор Лилчиќ, директор на Управата за заштита на културното наследство.
На локалитетот откриени се 8.500 вредни артефакти. Според познавачите наодите се вистински културен трезор, и ќе бидат изложени до крајот на годината.
Наташа Јанчиќ
