Започна реконструкцијата на патот Новаци- Клепач
Се исполнува неколку децениската инраструкрурна желба на жителите од пелагониските општини Новаци и Могила. Започна реконструкцијата на 19 километарската делница Новаци-Клепач, која важи за главна инфраструктурна артерија на овој регион. Вкупната инвестиција изнесува милон и 500 илјади евра, а комплетно ќе биде готов за една година...

Освен на земјоделската, одекнува и звукот на градежната механизација во пелагониската рамница. Започна рехабилатирањето и асфалтирањето на главната инфраструктурна артерија 19 километарската делница Новаци- Клепач.
По 40 години коцка, конечно дебел асфалтен слој на една од главните пелагониски магистрали која поврзува 15-тина населени мести и ќе ја користат неколку илјади жители.
Реализацијата на инвестицијата вредна 1,15 милиони евра е неколку децениски сон на мештаните.
„Ова го посакувавме постојано сега ќе биде сосема поинаку“, вели Драган Кузмановски.
„Не е добро, туку супер е“, вели Целе Тодорчевски.
Модернизираниот пат ќе биде и одлична алтернатива при елементарни непогоди како што беа ланските поплави.
„Минатата година имаме асфалтирани 40 километри локални патишта, а годинава само досега 20 километри локална патна мрежа“, вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.
„Тоа е бенифит за мештаните, но и олеснет пристап до поголемите општини како Битола и Прилеп“, вели неговиот могилски колега, Стево Пивковски.
Целосната реконструкција на региналниот пат Новаци-Клепач ќе заврши за една година, министерот Владо Мисајловски вели- остануваме посветени на обновувањето на патната мрежа.
„Oсвен што работиме на трите автпати паралелно, имаме рехабилитирано над 700 километри локани патишта и планираме нови регионални зафати. Месецов ќе започниме обновување на уште пет регионални патишта во должина од 50 километри и инвестиција од 10 милиони евра“, изјави министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.
Министерот Мисајловски и директорот на Агенцијата за државни патишта најавија дека во пелагониско ќе следат и инфрастуктурни зафати за санирање на едно свлечиште како последица на ланските поплави.
Стевче Митревски
