Ново намалување на цените на лековите
По осми пат намалување на цените, овојпат на дополнителни 282 лекa. Највисокото намалување е 65 насто, а најниското 14 проценти. Со ова намалување, министерството заштедува уште еден милион евра...

Се намалува цената на лековите за дијабетес, маснотии во крвта, за висок крвен притисок. На листата со намалена цена се наоѓаат вкупно 282 лека меѓу кои и лековите за остеопороза, рак на коски, за мулипла склероза.
„Намалени се максималните цени на вкупно 300 генерички и 82 оригинатори, или иновативни лекови кои беа објавени на 15-ти октомври. Во рамки на новите максимални цени намалени се малопродажните и големопродажните цени на 203 генерички лекови, 73 оригинатори и иновативни лекови, кои стапија на сила од 3-ти ноември“, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.
Овој сегмент од владината реформа се остварува по осми пат. Не само заштеда од милион евра, туку и големо олеснување за буџетот на граѓаните ќе претставува оваа владина мерка за намалување на цените на лековите.
Граѓаните сметаат дека ќе можат од својот буџет наместо за лекови да ги трошат парите за други работи.
„На луѓето со ограничен буџет, особено на пензионерите, сигурно ќе им биде добредојдено тоа што се намалени лековите... го поздравувам тој потег.“
„Намалени се, лековите што ги купив, како што ми кажаа од 400 сега се на 330 денари. Позитивно е ова.“
„Што поевтино- подобро.“
„Ќе пренасочиме од средствата за други работи, за храна...Ќе им купам нешто на внучињата“, велат граѓаните кои ги анкетиравме.
Почнувајќи од 1-ви февруари 2012 година цените на лковите се намалија седум пати а беа опфатени над 4.500 лека. Вкупната заштеда за здравствениот систем изнесува околу 32 милиони евра. Тоа овозможува остатокот да се пренаменува за други здравствени услуги. Досега повеќепати се намалени бонвитата, амлопидинот, клопидогрелот и лосартанот.
Фиљана Кока
