Поднесено обвинение против дадилката која малтретираше дете
04.11.2015 16:02
Обвинението следи по поднесена кривична пријава од МВР за малтретирање на деветмесечно дете, по што обвинителството повело постапка...

Обвинителството поднесе обвинителен акт против дадилката од Ѓорче Петров. Ќе одговара за кривично дело запуштање и малтретирање на дете.
Обвинението следи по поднесена кривична пријава од МВР за малтретирање на деветмесечно дете, по што обвинителството повело постапка.
Оттаму информираат дека се прибрани докази, меѓу кои и извршените вештачења за психичката состојба на осомничената и за настанатите последици кај детето.
До скопскиот кривичен суд обвинителот поднел и предлог за продолжување на мерката притвор за осомничената. За чување на детето таа била ангажирана од родителите.
