Зелено светло за уште петмина обвинители во Специјалното обвинителство
04.11.2015 17:04
Советот едногласно ја донел одлуката за петтемина избрани јавни обвинители во тимот на Јанева откако таа попладнето поднела ново барање до Советот...

Советот на јавни обвинители по половина час работа даде зелено светло за уште петмина јавни обвинители во Специјалното обвинителство на Катица Јанева.
Советот едногласно ја донел одлуката за петтемина избрани јавни обвинители во тимот на Јанева откако таа попладнето поднела ново барање до Советот.
Претходно специјалниот јавен обвинител бараше нејзиниот тим да брои 14 луѓе, но Советот тоа не го прифати и избра само седуммина.
За новите петмина избрани, образложението е дека се зголемил обемот на работа во Специјалното јавно обвинителство.
