До крајот на ноември пријавување за субвенции за предаден зеленчук
До крајот на ноември ќе биде пријавувањето за добивање на субвенции за предаден зеленчук во домашните преработувачки капацитети. Финансиска поддршка за предадените доматите во периодот кога имаше нарушување на пазарот, е зголемена...

Градинарите кои го предадоа своето производство во домашните преработувачки капацитети за зеленчук во земјава или во странство, директно или преку регистриран откупувач по откупна цена до 5 денари за килограм, во периодите од 26 јуни до 15 јули и од 1 до 15 август 2015 година, ќе добијат субвенција од 6,5 денари за килограм.
Пријавувањето за оваа поддршка е до 30 ноември.
Според првичните податоци, во овој период, кога имаше нарушување на пазарот со домати поради поклопувањето на производството од оранжериите и на отворено, биле откупени сите понудени количества од скоро 1.000 тони.
Дел се извезени во Србија, а дел беа откупени од домашните преработувачки капацитети.
Методија Трајков
