Уапсен 27 годишен скопјанец за трговија со дрога
05.11.2015 10:18
Во својот дом подготвувал и пакувал дрога за улична продажба. При претресот, полицијата пронашла и одзела 86 таблети, мешавина од психотропни супстанци и пакетчиња со марихуана...

СВР Скопје поднесе кривична пријава за 27-годишен скопјанец, поради основано сомнение за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и недозволено држење оружје.
Од судија на претходна постапка, му е одредена мерка притвор од 30 дена. Во својот дом подготвувал и пакувал дрога за улична продажба. При претресот, полицијата пронашла и одзела 86 таблети, мешавина од психотропни супстанци и пакетчиња со марихуана.
Пронајдени се и рачно направени преси и цилиндри, на кои има изработено лого за втиснување, и седум патрони за ловечка пушка.
