Министерот Јолевски во работна посета на Полска
05.11.2015 10:21
Македонскиот министер за одбрана ќе учествува и на безбедносниот форум во Варшава...

Министерот за одбрана Јолевски во работна посета на Полска. Предвидена е средба со неговиот колега, министерот за национална одбрана, Томаш Шимоњак.
Македонскиот министер за одбрана ќе учествува и на безбедносниот форум во Варшава. Јолевски ќе говори на панелот насловен како „Новиот безбедносен бран во државите до Европската унија“.
Безбедносниот форум во Варшава се осврнува на европските безбедносни прашања на кои дискутираат високи претставници од земјите од Европа и меѓународни експерти.
