Сеуште се утврдуваат причините за падот на рускиот авион

05.11.2015 10:56

Уредот за снимање на гласовите во кокпитот на рускиот Ербас, кој се урна на Синајскиот Полуостров, делумно е оштетен и дека ќе биде потребно многу време и труд за да се добијат податоци...

Египетското министерство за  транспорт потврди дека уредот за снимање на гласовите во кокпитот на рускиот Ербас, кој се урна на Синајскиот Полуостров, делумно е оштетен  и дека ќе биде потребно многу време и труд за да се добијат податоци.

Во меѓувреме сеуште се утврдуваат причините за падот. Според последните неофицијални податоци од истрагата, падот бил предизвикан од експлозија на бомба, која била поставена во леталото од екстремистите од Исламска Држава, пренесува Си-Ен-Ен.