Трагедија во „Фени индустри“
19.01.2014 13:07
вработен во „Фени индустри“, вчера го загуби животот...

Д.П. (59) од село Росоман, вработен во „Фени индустри“, вчера го загуби животот откако во кругот на фабриката беше прегазен со машина „товарач“.
Со машината управувал М.Д. (42) од Кавадарци кој, движејќи се наназад не го видел работникот и го прегазил. Д.П. починал на лице место од здобиените повреди.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
