Состанок на работните групи за договорот од Пржино
05.11.2015 11:12
Според Ванхауте, четирите партии постигнале одреден напредок за отворените прашања од договорот од 2-ри јуни и 15-ти јули, но се уште нема финален договор...

Во клубот на пратениците, на иницијатива на белгискиот експерт Питер Ванхауте, нова средба на претставниците на 4-те најголеми политички партии за договорот од Пржино.
Според Ванхауте, четирите партии постигнале одреден напредок за отворените прашања од договорот од 2-ри јуни и 15-ти јули, но се уште нема финален договор.
Изминативе денови, Ванхауте оствари одвоени средби со претставниците на политичките партии, по консултациите што ги имаше во Брисел.
