Избраните помошници на Јанева ќе дадат свечени изјави

05.11.2015 10:13

Како што соопшти претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски, петтемина обвинители кои беа изгласани вчера, заедно со седум обвинители избрани на 14 октомври, денеска во 11 часот во просториите на Советот ќе дадат заклетва...

Дванаесетте јавни обвинители кои ќе и помагаат на специјалната обвинителка Катица Јанева денеска треба да дадат свечена изјава.

Како што соопшти претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски, петтемина обвинители кои беа изгласани вчера, заедно со седум обвинители избрани на 14 октомври, денеска во 11 часот во просториите на Советот ќе дадат заклетва за своето учество во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите, односно Специјалното обвинителство.