МВР: За 24 часа издадени 2.751 потвди за азил
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан-1.370, Сирија-1.099, Ирак-122 додека другите се во помал број...

Во последниве 24 часа, МВР издаде потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.751 странски државјани, од кои 1.408 се од машки пол, 491 се од женски, 689 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 163 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан-1.370, Сирија-1.099, Ирак-122 додека другите се во помал број.
Досега издадени се потврди на вкупно 214.343 странски државјани, од кои, 129.615 се од машки пол, 31.518 се од женски, 42.636 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 10.574 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-137.006, потоа Авганистан-45.451, Ирак-16.310, Пакистан-4.515, Иран-3.813, Палестина-1.758, Сомалија-1.080, Бангладеш-990, Конго-504, Мароко-291, Алжир-281, Нигерија-264, Либан-255, додека останатите се во помал број.
Oд започнувањето на издавањето на потврдите до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.
