Продолжува акцијата „Притисни црвено копче за да пријавиш имотно правен проблем“
Фирми и граѓани кои се соочуваат со проблеми во оваа област, а не се пријавиле на досегашните повици од надлежната институција, имаат можност да се вклучат во акцијата и да добијат помош за решавање на проблемите...

Стручни тимови на Управата за имотно правни работи денеска на средби со претставници на компании кои пријавиле проблеми од имотно правна природа укажуваат на можностите за нивно надминување и ги насочуваат за следните чекори зависно од проблематиката. Со средбите практично почна да се реализира акцијата на Управата и на Министерството за финансии „Притисни црвено копче за да пријавиш имотно правен проблем“.
Фирми и граѓани кои се соочуваат со проблеми во оваа област, а не се пријавиле на досегашните повици од надлежната институција, имаат можност да се вклучат во акцијата и да добијат помош за решавање на проблемите.
Правните лица што се обраќаат до Управата покрај решавање проблеми со приватизација на земјиште се обраќаат и за останати прашања поврзани со оваа постапка како што е легализација на објекти и катастарски разлики за парцели што, пак, добиваат насоки и совети да се обратат во катастарот.
За тековната акција граѓаните може да се информираат на следниот линк.
