Форбс: Путин најмоќен човек на светот

05.11.2015 12:45

На второ место на листата е германската канцеларка Ангела Меркел која напредувала за три места, а на трето место е американскиот претседател Барак Обама...

Според угледното списание Форбс, рускиот претседател Владимир Путин трета година по ред е најмоќниот човек на светот.

На второ место на листата е германската канцеларка  Ангела Меркел која напредувала за три места, а на трето место е американскиот претседател Барак Обама. На листата за 2015 година на четвртото место е папата Франциск, а на петто кинескиот претседател Си Џинпинг.

Објаснувањето на Форбс е дека Путин е единствениот човек на светот кој може да си дозволи да прави што ќе посака. Потсетуваат дека  опуларноста на Путин во Русија е рекордно висока.

На листата од 73 најмоќни луѓе на светот, оваа година најмлад е 31- годишниот основач на Фејсбук, Марк Цукерберг, кој е на 19-то место. За првпат на листата се најде и кандидатот на републиканските предизбори за претседател  на САД, Доналд Трамп, кој е на 72-ро место.

Лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади падна за три позиции   сега е на 57-то место.