Бесими: Извештајот за Македонија- објективен

05.11.2015 13:03

Извештајот ќе се осврне и на акцискиот план на владата и динамиката, и за првпат ќе има и регионална димензија со седум поглавја за споредба на земјите, рече Бесими...

Извештајот за напредокот, што најверојатно ќе се објави идната недела, ќе биде објективен и посветен на политичката криза и на начините на нејзиното канализирање и отимизмот дека таа ќе биде решена, изјави вицепремиерот за интеграции Бесими, на денешната дебата за македонските интеграции.

Извештајот ќе се осврне и на акцискиот план на владата и динамиката, и за првпат ќе има и регионална димензија со седум поглавја за споредба на земјите, рече Бесими.

За европратеничката Ребека Хармс од групата на зелените, отворањето на 23-то и 24-то поглавје треба да биде што поскоро, но и да се отвори и 27-то за справување со загадувањето и со отпадот.

Игор Солтес, европратеник од Словенија, смета дека земјите од регионот мора да работат на независноста на јавниот сектор и медиумите.