„Синедејс“ од 12-ти до 21-ви ноември

05.11.2015 14:27

Ќе се одржи под мотото „Европа тоа најдобро го прави“...

Годинашново 14-то издание на „Синедејс“ ќе се отвори со премиерата на македонскиот филм „Три дена во септември“ на режисерот Дарјан Пејовски.

Ќе се одржи од 12-ти до 21-ви месецов, под мотото „Европа тоа најдобро го прави“. Ќе бидат прикажани 100-тина филмови во неколку програми.

Новитет е воведувањето финансиска награда за најдобрите.