Утре почнува 27-то издание на „Скомрахи“
05.11.2015 13:33
Отворањето е со дипломската претстава „Сината соба“ на класата на професорот Златко Славенски...

Утре во Драмскиот театар почнува 27-то издание на „Скомрахи“. Ќе трае до 10-ти месецов. Отворањето е со дипломската претстава „Сината соба“ на класата на професорот Златко Славенски.
Во 5-дневната програма се вклучени 9 академии од Балканот и од западна Европа, кои ќе се претстават со девет театарски претстави, дванаесет филмски проекции и три работилници.
„Скомрахи“ се интернационални студентски средби, кои за првпат се одржани во 1988 година. Целта е афирмација на културата, на младите автори и изведувачи, како и соработка на проекти.
