ЕК: Македонија догодина со трет најголем раст на БДП во Европа

05.11.2015 13:37

Со раст на бруто-домашниот производ од 3,5 проценти, единствено ќе бидеме зад Ирска и Романија...

Република Mакедонија догодина ќе има трет најголем економски раст во Eвропа, се наведува во есенската прогноза на Eвропската комисија. Со раст на бруто-домашниот производ од 3,5 проценти, единствено ќе бидеме зад Ирска и Романија.

Политичката криза влијаеше за намалување на економскиот раст, но не придонесе за крах на македонската економија, стои во извештајот. Економијата е проектирана да се шири со поумерено темпо од очекуваното, се наведува во прогнозата за Македонија.

Неформалната влада на Европската унија наведува дека домашната побарувачка веројатно ќе остане единствениот двигател на растот во државата. Годишната стапка на вработеноста, според европската комисија, може да се зголемува и натаму.

Ако во 2012-та Македонија имала 31 процент невработеност, годинава, според официјален Брисел, ќе има 27, а догодина се очекува намалување на 25,7 проценти.