Баерн го „разоружа“ Арсенал, Барселона одново предводена од Неимар и Суарез

05.11.2015 14:28

Баварците најавија реванш за поразот пред 15 дена и го истурија гневот врз “топчиите“ кои ги испратија со петарда во мрежата. Делот од статистиката ја дава слика за прикажаното, 66 наспроти 34 проценти посед на топка...

Од синоќешните 8 натпревари од ЛШ во фокусот беше пресметката во Минхен, во која Баерн го детронизира Арсенал. Баварците најавија реванш за поразот пред 15 дена и го истурија гневот врз “топчиите“ кои ги испратија со петарда во мрежата. Делот од статистиката ја дава слика за прикажаното, 66 наспроти 34 проценти посед на топка, 9:1 во корнери, 13:2 во удари во рамките на голот и конечно 5 :1 во голови. Серијата ја почна Левандовски по 10 минути игра, до крајот на полувремето Милер и Алаба ја најавија високата победа, а Робен и Милер со својот втор гол ја заокружија блескавата партија за најтешкиот пораз на Арсенал во еврокуповите, покрај оној од Милан 2012 година од 4:0. Којзнае како ќе завршеше мечот ако гостите го немаа Петр Чех меѓу стетивите кој спаси неколку тешки удари. Единствениот блесок во напад англичаните го имаа во 69 минута кога со одличен прием и завршница Жиру го постигна почесниот гол. Баерн е речиси сигурен за следната рунда и води во “Ф“ групата со 9 бода, колку што има и Олимпијакос по пресвртот против Динамо Загреб, со двата гола на Пардо во второто полувреме откако гостите поведоа преку Хоџиќ. Теоретски во игра е и Динамо и Арсенал, иако со по 3 бода само со симболични шанси за прогрес.

Барселона оставри нова убедлива победа над Бате, на Камп ноу со 3 :0 благодарение на тандемот Неимар и Суарез. Бразилецот постигна 2 гола и му асистираше на Уругваецот, кој му возврати на Неимар при третиот погодок. По неверојатните 4 :4 во Леверкузен Рома и Баер уште еднаш покажаа фајтерски меч, во кој Римјаните одново имаа два разлика со головите на Салах и Џеко, но гостите израмнија преку Мехмеди и Чичарито. Сепак Пјаниќ од пенал на 10 минути пред крајот го реши мечот. Европскиот шампион води во групата “Е“ со 10 бода пред Рома со 5, Баер има 4 а Бате 3 бода.                

Мурињо се спаси од отказ по среќната победа над Динамо Киев, во која главен актер беше Драговиќ. Австрискиот стопер најпрвин си постигна автогол, а потоа се извади со погодок во вистинската мрежа, но трите бода за Челзи ги донесе Вилиан. Истовремено Порто славеше во Тел Авив со 3 :1 благодарение на Тело, Андре и Лајун, а Захави од пенал само го намали водството. Порто е лидер во групата “Г“ со 10 бода, пред Челзи со 7 и Динамо со 5, а Макаби е сеуште без поен.

Во “Х“ групата Зенит ја продолжува доминацијата со победата во Лион, предводен од Дзјуба кој ги искористи асистенциите на Хулк за 4 победа во исто толку мечеви. Гент со голот од пенал на Кумс освои три бода во дуелот со Валенсија, по што Зенит е сигурен во следната фаза со 12 бода, Валенсија има 6, белгискиот Гент 4, а француски Олимпик Лион само бод.