Потпишани договорите за инвестицијата на германската компанија „Костал“
Инвестицијата е вредна 50 милиони евра. „Костал“ ќе произведува електронски компоненти за автомобилската индустрија. Според првичните најави, ќе вработи илјада лица...

Премиерот Груевски оствари средба со менаџментот на германската компанија „Костал“. Потпишани се договорите за реализација на инвестицијата во Охридско-струшката индустриска зона. Според првичните најави, „Костал“ ќе вработи илјада лица.
Инвестицијата е вредна 50 милиони евра. „Костал“ ќе произведува електронски компоненти за автомобилската индустрија. Паралелно ќе работи во две фабрики и во објектот во поранешен ЕМО, како и во новата фабрика која ќе се изгради во индустриската зона.
Извршниот потпретседател на „Костал“, Кристофер Сандерс рече дека по спроведеното истражување во многу земји за тоа какви услови нудат за инвестирање откриле дека Македонија е таа која им потребна, а Охрид и Струга им нудат многу предности за нивниот иден бизнис.
