Ивештајот за Македонија најверојатно ќе биде објавен наредната недела
Извештајот за напредокот, што најверојатно ќе се објави идната недела, ќе биде објективен и посветен на политичката криза и на начините на нејзиното канализирање и отимизмот дека ќе биде решена, изјави вицепремиерот за интеграции Бесими, на денешната дебата за македонските интеграции. За првпат ќе има и регионална димензија со седум поглавја за споредба на земјите...

Европската комисија најверојатно наредната недела ќе го објави извештајот за напредокот на Македонија. Тој ќе биде објективен, со неколку димензии, меѓу кои и заложбата за спроведување на политичкиот договор и динамиката на владиниот акциски план за реформи.
Поддршката за земјава пристига од европските Зелени и Слободната алијанса кои не се согласуваат со обесхрабрувачката изјава на Јункер за подзатворање на европските врати за нови членки за време на неговиот мандат. Дури и во политичка криза, Европа има одговорност да и помогне на Македонија.
Европратениците укажуваат на степенот на јавниот сектор и на слободата на медиумите кои влијаат врз политичката кампања пред изборите. Словенечиот европратеник на расправата изнесе и интересна констатација поврзана со преговарачкиот процес.
Не ја откриваме Америка ако кажеме дека Собранието беше во втор план, поради отсуството на опозицијата, но и Европскиот парламент треба повеќе да се вклучи во соработката со Законодавниот дом, оцени опозицоинерката Димова од Советот за ЕУ интеграции. Од говорницата се слушна и нов предлог покрај постојниот дијалог меѓу ЕУ и Македонија.
Напротив парламентот никогаш немаше незабележителна улога, но не треба да се вреднуваат единствено политичките реформми туку и сработеното во економскиот дел- оцени пратеничката Рангелова.
Во дебатата се слушнаа и пратеничките ставови за партократија и по изборите, за влијанието на мигрантската криза врз доцнењето на извештаите за напредок, што е преседан во работењето на ЕК.
Зоран Богатинов
