Јакнење на капацитетите на затворите
Проект за изградба на капацитетите на агенциите за спроведување на законот за соодветен третман на притворените и осудените лица, финансиран од Европската унија. Во фокусот, казнениот систем и полицијата, односно професионалноста и заштитата на човековите права. Проектот се спроведува 3 години, и чини 2 милиона евра...

Од Европските фондови во изминативе три години во Македонија влегле над 2 милиона евра за да се поправат условите во затворите, за да се зајакнат капацитетите и да се обезбеди заштита на човековите права. Оценката е дека проектот е завршен успешно, но горливиот проблем останува.
Мора да продолжи и едукацијата на полицијата во овие установи смета поранешната судијка во судот во Стразбург, зашто таму приистигнале предмети каде што повредите ги прават овластените лица.
Ќе продолжи да се работи на подобрување на организациските и раководните капацитети во казнено - поправните установи, велат надлежните.
Ресоцијализација и рехабилитација на затворениците е проблем на кој се уште треба да се работи,сметаат познавачите за да се намали бројот на повратници во затворите.
Наташа Јанчиќ
