Тенис, Отворено Првенство на Австралија, мажи

Ѓоковиќ лесно против Фоњини

19.01.2014 13:43

На машкиот дел од турнирот, Новак Ѓоковиќ уште еднаш јасно ја стави до знаење решеноста да го продолжи владеењето во Мелбурн. Како што ден порано Рафаел Надал го уништи Гаел Монфис, иако од него се очекуваше посилен отпор, и Србинот по слично сценарио го испрати на трибините Фабио Фоњини. 15.рекет е во животна форма, но ни таа не му беше доволна да освои повеќе од пет гема во трите сета со вториот носител. На Ѓоковиќ му требаа само час и 33 минути за да го скрши отпорот на својот добар пријател, победувајќи го со убедливи 6-3, 6-0 и 6-2 по сетови.

На машкиот дел од турнирот, Новак Ѓоковиќ уште еднаш јасно ја стави до знаење решеноста да го продолжи владеењето во Мелбурн. Како што ден порано Рафаел Надал го уништи Гаел Монфис, иако од него се очекуваше посилен отпор, и Србинот по слично сценарио го испрати на трибините Фабио Фоњини. 15.рекет е во животна форма, но ни таа не му беше доволна да освои повеќе од пет гема во трите сета со вториот носител. На Ѓоковиќ му требаа само час и 33 минути за да го скрши отпорот на својот добар пријател, победувајќи го со убедливи 6-3, 6-0 и 6-2 по сетови. Ова му беше 25-та последовна победа на Мелбурн Парк и вкупно 28-ма едноподруго по финалето на последниот Американ Опен во Њујорк.

Во налетот кон завршницата му претстои четвртфинален судир со Станислас Вавринка. Како осми носител, Швајцарецот го совлада 17-торангираниот Шпанец Томи Робредо со 6-3, 7-6 и 7-6 по сетови, со што се избори за реприза на ланското епско осминафинале коешто му припадна на Ѓоковиќ во пет сета.

Меѓусебен четвртфинален двобој обезбедија Давид Ферер и Томаш Бердих. Шпанскиот трет носител четвртда година по ред се пласираше во елитната осумка со победата над нерангираниот Германец Флоријан Мајер од 6-7, 7-5, 6-2 и 6-1 по сетови. Ферер има подобар меѓусебен биланс од Бердих, но чешкиот седми турнирски рекет се надева на успех во наредниот дуел, охрабрен од одличното издание во битката на големите сервери со Кевин Андерсон. Против 19-торангираниот Јужноафриканец, Бердих славеше со 6-2, 6-2 и 6-3 по сетови.

Осминафиналната програма во новиот ден ќе ја комплетираат мечевите: Надал-Нишикори, Димитров-Баутиста Агут, Мареј-Робер и Федерер-Цонга.