Русија негира дека експлозија на бомба ја предизвика авионската несреќа

05.11.2015 15:25

Портпаролот на Кремељ, Песков, ги отфрли ваквите теории и изјави дека во овој дел од истрагата нема конкретни сознанија, туку постојат само шпекулации...

Според првичните неофицијални информации од истрагата за рускиот Ербас кој во саботата се урна на Синајскиот Полустров, експлозија на бомба ја предизвикала несреќата, соопштија американски и европски безбедносни сили.

„Има сериозни индикации дека во авионот имало поставено бомба од Исламска држава и тоа ќе биде посебен предмет на истрага. Има информации кои во овој момент не можеме да ги споделиме со јавноста. Но, сега е најважна  безбедноста на нашите патници“, вели Филип Хармонд, секретар за надворешни работи на Велика Британија.

Како што јави Си-Ен-Ен, се претпоставува дека експлозивната направа била поставена во просторот за багаж.

Експресна реакција пристигна од Русија. Портпаролот на Кремељ, Песков, ги отфрли ваквите теории и изјави дека во овој дел од истрагата нема конкретни сознанија, туку постојат само шпекулации.

Во несреќата загинаа сите 224 патници и членови на екипажот.