Се поттикнува иновациската дејност

05.11.2015 16:21

Фондот за иновации пред Македонско- германското здружение ги претстави можностите за поттикнување на иновациската дејност и подобрување на пристапот до финансиски услуги. Германските компании кои имаат бизнис во земјава се задоволни од деловната клима...

ИТ инженери ја реализираа идејата на старт- ап германска компанија. Создадоа   огледало за модната индустрија. Сега компанијата работи за германскиот пазар, во иднина планира и за европскиот. Фиданоски вели дека размислуваат за нови идеи,  финансиската подршка е значајна. Во иднина планираат да аплицираат за парите од Фондот за иновации.

„Успеавме да ги привлечеме својата замисла да ја направат овде во Македонија, најдовме добри програмери и успеавме тоа да го презентираме во Германија“, вели Ненад Фиданоски, бизнисмен.

Условите за бизнис се одлични, вели овој претприемач кој работи во германска фирма. Иако компанијата е присутна низ целиот Балкан, размислуваат бизнисот да го прошират. Компаниите кои одат на симпозиуми, на саеми во странство имаат право на поврат на ДДВ. Ова вели Менсутич е малку познато.

„Соработуваме со швајцарска компанија. Нашата услуга е нова и интересна. Сакаме да ја зголемиме работата во Македонија“, смета бизнисменот Мерко Менсутич.

Кофинансирањето на микро, малите и средни претпријатија има за цел подршка на компаниите што имаат висок потенцијал за раст, велат од Фондот за иновации. Фондот ги охрабри германските фирми да ја поттикнат иновациската дејност и да го подобрат  пристапот до финансии.

„Тоа го овозможуваме преку самите инструменти, особено преку комерцијализацијата на иновации каде доделуваме до 100 илјади евра“, нагласи Јасмина Поповска, директор на Фондот за иновации и технолошки развој.  

На првиот јавен повик аплицираа беа избрани 16 иновации од ИТ индустријата. Во тек е вториот  повик на Фондот за иновации вреден 1,3 милиони евра.

 

Дијана Ценевска