Олимпија на патот на Звезда
Саботата го содржеше главниот дел од програмата во 17-то коло од Јадранската лига. За денеска е предвиден само уште еден натпревар во којшто Црвена Звезда е голем фаворит против Олимпија. Сите бројки се на страна на белградскиот тим, билансот, квалитетот, домашниот паркет.

Српскиот претставник има 13 победи и три порази и доколку ја совлада Олимпија ќе остане осамен на водечката позиција во АБА друштвото. Словенечкиот тим е на 11-то место со шест триумфи на претходните 16 мечеви. Црвена Звезда ја доби првата пресметка во Љубљана со 62-61, а е во серија од три победи во меѓусебните одмерувања на силите.
На другите средби од оваа рунда во Јадранската лига, нашиот МЗТ Скопје Аеродром загуби од Цедевита со 81-76 во арената „Борис Трајковски“, Цибона дома го совлада Будуќност со 65-55, а домашниот паркет го искористија уште три екипи: Широки – Солнок 76-66, Раднички – Игокеа 82-67 и Крка – Мега Визура 80-65. Утре Партизан ќе му гостува на Задар.