Политичките лидери ги договорија сите детали
06.11.2015 10:00
Договорено е изборите да се одржат на 24 април идната година...

Еден час по полноќ политичките лидери на ВМРО- ДПМНЕ, СДСМ и на ДУИ, како и претставниците на ДПА ги договорија деталите за спроведување на Договорот од Пржино.
Усогласени се спорните решенија за законот за владата, за „свиркачите“ и за „бомбите“. Законот за бомбите ќе стапи во сила веднаш, но е упатен до Венецијанската комисија за евентуални забелешки.
Одговорот треба да стигне најдоцна во рок од шест месеци и тој да почне да се применува.
Договорено е изборите да се одржат на 24 април идната година.
